Најголемиот ВАР циркус што можеше да се замисли, се случи, контроверзни пет минути на мечот СПАЛ-Фиорентина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Една од маните на ВАР е тоа што поминува одредено време од моментот кога е сторен одреден прекршок до моментот кога судиите во ВАР собата ќе утврдат дека е направен пропуст со прегледување на повторените снимки.

Понекогаш се потребни минути, што остава простор да се случат многу работи на теренот, а најлошото сценарио што може да се замисли е да падне гол на спротивната страна.

Токму ово за прв па се случи на мечот помеѓу СПАЛ и Фиорентина. Гостите беа во напад, Киеза беше фаулиран во шеснаесетникот, но судијата не досуди ништо. СПАЛ тргна во напад, брзо ја префрли топката на противничката половина и погоди за 2-1. И додека домаќините се радуваа, судијата доби инструкции дека има спорен момент. Па откако и тој лично ги прегледа случувањата, реши да го поништи голот на СПАЛ и да досуди пенал за „Виолетовите“, кои гостите го реализираа па наместо 2-1, на семафорот стоеше 1-2. 

Киеза беше фаулиран во 72.45, Валоти постигна гол во 73.20 а судијата Паирето дури во 74.55 беше известен за спорен момент. Одлуката да се поништи голот на СПАЛ и да се досуди пенал за Фиорентина падна во 76.33 минута. Гостите најстрогата казна ја реализираа во 79. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани