Најдовски и Талевски: Сакаме трофеј за Вардар и излез во Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар со ремито кај Брера во Струмица (1-1) се пласираа во финалето на Купот на Македонија.

По овој натпревар за клупската телевизија зборуваше дефанзивецот Филип Најдовски. Стоперот се врати во стартниот тим за првпат по кам-бекот во таборот на вардарци.

По девет тешки месеци од доаѓањето во Вардар, конечно се најдов на теренот. Што се однесува до денешниот меч, иако имавме висока предност ние влеговме максимално концентрирани за да обезбедиме финале по долго време за Вардар. Се надевам дека ќе биде за нас еден добар мотив, за да го освоиме Купот и да се пласираме во Европа за крај на една не баш успешна сезона“, изјави Најдовски.

Освен Најдовски, својот став го изнесе и стрелецот на единствениот гол Михаил Талевски.

Тежок натпревар, на многу тежок терен без разлика на пласманот на Брера. Ја остваривме зацртаната цел, а тоа е да се пласираме во финалето на Купот. Одиме со максимални сили, имаме доста време за да се подготвиме максимално и се надевам ќе го осовоиме ова натпреварување“, изјави Талевски.

Младиот офанзивец го постигна својот деби гол во дресот на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани