821
УЕФА се уште размислува како да се заврши Лигата на шампионите. Денеска низ медиумите протече нова идеја.
Откако ќе се одиграат преостанатите мечеви од Лигата на шампионите, УЕФА размислува да направи турнир на осумте најдобри екипи кои ќе се пласираат во четвртфиналето.
Турнирот би се одиграл во неколку денови во Португалија, во Лисабон кој се смета за идеален град за одигрување на мечевите во време на коронавирус поради малиот број на случаи.
Доколку завршницата на Лигата на шампионите се одржи во еден град, не само што би се скратил бројот на мечеви со тоа што не би се играле реванши, туку би се минимализирало движењето на клубовите во време на пандемијата.