Најдобриот фудбалер на Работнички потпиша за Марибор

by Стефан
1 минути читање

Словенечки Марибор го потврди трансферот на Али Регба од редовите на Работнички.

Алжирецот зад себе има одличен прв дел од сезоната во кој на 17 настапи постигна седум гола и подели пет асистенции, а сега кариерата ја продолжува во Словенија.

Во редовите на Работнички, Регба пристигна во февруари 2024 година, а во кариерата претходно беше дел од: Белуиздад од Алжир, У21 тимот на Лестер и ирскиот Бохемиас.

Работнички по првиот дел од сезоната е во битка за врвот на табелата и има ист број на бодови со лидерот Силекс и второпласираната Шкендија, но ќе видиме како ќе изгледаат дебармаалци без еден од своите лидери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани