Норвешкиот тим Бодо/Глимт направи вистинска сензација откако ја победи Рома со 6-1. Резултатот одекна силно во светот, а денеска ни пристигнува интересна информација.
Главната ѕвезда на натпреварот, 21-годишниот Ерик Ботаим е најдобар другар на Ерлинг Халанд.
Ботаим даде два гола и имаше три асистенции, учествуваше во пет од шестте голови на својот тим.
Другарството меѓу Халанд и Ботаим почнало од младинските национални селекции на Норвешка, како одминувало времето тие станувале се подобри другари.
Ботаим дури важел и за поголем талент од Халанд, на 11 години бил на проба во Барелона. Дебитирал како професионален фудбалер за Лин во третата норвешка лига на само 15 години, а потоа брзо бил купен од Розенборг, од оваа година станува играч на Бодо/Глимт.
Синоќа го привлече вниманието на фудбалската јавност и се прогнозира дека брзо ќе биде купен од некој силен клуб со оглед на тоа што има само 21 година и му се предвидува светла иднина.