Најбогатиот Британец понуди 5 милијарди за да го купи Челси од Абрамович

by
1 минути читање

Најбогатиот
Британец во 5 до 12 достави понуда за купување на Челси. Попладнево, Џим
Ратклиф соопшти дека на маса ставил 4,25 милијарди фунти или околу 5 милијарди
евра.

Од оваа сума, 2,5 милијарди фунти, или
околу 3 милијарди евра се за фондот кој Роман Абрамович го најави како помош за
жртвите од војната во Украина.

Останатите 1,75
милијарди фунти, или околу 2 милијарди евра ќе бидат во форма на пари
инвестирани во Челси во следните 10 години.

Во меѓувреме,
медиумите од Англија објавија дека конзорциумот предводен од Стивен Паљука бил
известен дека е надвор од трката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×