Најавите се остварија, официјално: Агим Ибраими потпиша за Домжале

by
1 минути читање

Тоа што неколку денови се најавуваше низ словенечките
денови, се оствари, заврши сагата околу 29 годишниот македонски офанзивец Агим
Ибраими, кој денеска потпиша за словенечкиот прволигаш Домжале, кој е мошне
амбициозен проект во таа земја.

„Би сакал да му се заблагодарам на Домжале како фудбалски
клуб, посебно на тренерот Симон Розман, и спортскиот директор Мате Ораз, и
воедно на сите кои ме поддржаа да преминам во жолтото семејство. Среќен сум и
истовремено горд што ќе играм за овој клуб“ изјави Ибраими на презентацијата.

Веста дека денес ќе бидат официјализирани сите детали околу преселбата на Ибраими во Домжале, вчера прв ја најави словенечки „Сиол“.

Ибраими се враќа во Словенија, а за тоа се најавуваше подолг
период, во мошне амбициозниот тим Домжале ги има некогашниот македонски
репрезентативец Зени Хусмани, и поранешниот офанзивец на Вардар, Сенијад
Ибричиќ кој се препороди во словенечката екипа.

За Ибраими, Домжале ќе биде третиот словенечки клуб каде
настапувал, откако претходно ги бранеше боите на Олимпија Љубљана и Марибор.

Фото-вест: nkdomzale.si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани