Наинголан со дрва и камења по Рома: Ме третираа како небитен играч, правеа работи зад мој грб

by
1 минути читање

Во изминатиот
летен преоден рок Интер конечно дојде до долго посакуваниот потпис на 30
годишниот Раџа Наинголан, Рома за својот поранешен фудбалер доби близу 40
милиони евра, а сега клубот од Рим доби критики на своја адреса од Белгиецот,
кој тврди дека од Рома му работеле зад грб и го третирале како небитен во
тимот.

Исходот на
крајот не беше по моја вина, или не целосно по моја вина, јас бев разочаран од
некои активности на клубот, како човек не можев да ги прифатам, и јас правев
погрешни работи, како на пример видеото од Нова година, но, тие правеа работи
без ништо да ми кажат, наместо да разговараат очи во очи со мене, ми работеа
зад грб
“ тврди Наинголан во интервјуто за Газета дело Спорт.

Рома сакаше да
заработи многу пари од мојот трансфер, дознав дека тие веќе се имале договорено
со некоја странска екипа, нешто што јас никогаш не би го прифатил. Бев третиран
како небитен играч, во тие моменти Спалети ми се јави и не размислував долго,
прво имав чувство на сомнение, но бев пречекан на преубав можен начин тука

додава Белгиецот.

Стивен Занг е
постојано тука, додека претседателот на Рома, Џејмс Палота го посетува клубот
еднаш годишно, секоја сезона се менуваат по тројца или четворица фудбалери,
можеби ако претседателот беше таму тој најдобро би можел да ги објасни тие
промени
“ заклучи новајлијата во дресот на Нероаѕурите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани