Нагелсман откри дека добил 450 смртни закани: Ај што сакаат да ме убијат, сакаат да ја убијат и мајка ми

by
1 минути читање

Баерн Минхен беше
изненаден од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, „жолтата
подморница“ славеше со 1-0 на првиот натпревар, а потоа на раваншот се избори
за 1-1 и го елиминираше големиот фаворит.

„Знак дека
секогаш ќе добивам критики, тоа е сосема нормално и можам да се справам со тоа.
Но кога ќе добиете 450 смртни закани на Инстаграм, не е лесно“
– вели Јулијан
Нагелсман.

„Ај што сакаат да
ме убијат мене, се закануваат и по животот на мајка ми, а жената воопшто не ја
интересира фудбал“.

„Не разбирам. Веднаш
што ќе го исклучат телевизорот, луѓето забораваат на пристојност. Најлудо е што
мислат дека секогаш се во право“.

Јулијан Нагелсман
не е единствениот кој доби смртни закани по елиминацијата од Лигата на
шампионите, пораки добија и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, неговата
сопруга и неговиот син.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×