Надежите на Македонија и БиХ се степаа на втората контролка (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

По завршувањето на вториот контролен натпревар меѓу младинските селекции до 16 години на Босна и Херцеговина и Македонија во Зеница дојде до инцидент во кој се степаа фудбалерите на двата тима.

Имено, веднаш по последниот свиреж на судијата, дојде до турканица меѓу двајца репрезентативци, по што ситуацијата ескалираше и на теренот се вмешаа речиси сите играчи од двете екипи.

Среќна околност е што тензиите брзо се смирија, а младите репрезентативци се повлекоа во соблекувалните без поголеми последици. Натпреварот заврши без победник 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани