Надежите до 16 години поразени на пенали од Словачка на турнирот во Подгорица

by Стефан
1 минути читање

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години го забележа вториот пораз во второто коло на развојниот турнир што се одржува во Подгорица. По поразот од Србија во првото коло денес подобра од нашата селекција беше Словачка.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови (0-0), а победникот мораше да се одлучи преку пенал-рулетот. Словачките фудбалери беа посигурни од белата точка и славеа со 4:2.

За македонската селекција, единствени стрелци во пенал-серијата беа Фадил Исламовиќ и Ракипи Сонер.

Македонија: Амин Сулјовиќ, Анес Бајрами, Игор Вргов, Аријан Рамадани, Филип Цветковски, Лука Георгиевски, Лука Кнезевиќ, Марко Мирцевски, Горјан Петковски, Лука Ѓоршиев Јасмин, Сонер Ракипи;

Резерви: Ринор Цека, Даријан Денковски, Вулнет Амети, Коста Бошковски, Мелдин Аломеровиќ, Давор Јорданов, Фадил Исламовиќ, Андреј Цветковски, Васко Папалиски;

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани