Начелно е постигнат договор за трансфер на Феран Торес во ПСЖ, ова се деталите

by bojan
1 минути читање

ПСЖ и Барселона начелно постигнале договор за трансфер на Ферен Торес вреден 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, напаѓачот побарал и добил дозвола да не се враќа на тренинг.

Завршува авантурата на Феран Торес во Барселона, до крајот на неделава тој ќе стане нов играч на ПСЖ.

Како што објави весникот Спорт, начелно е постигнат договор за трансфер вреден 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Напаѓачот побарал и добил дозвола денеска да не се врати на тренинг, и да почека двата клуба да ја финализираат зделката во следните денови, ПСЖ во моментов е фокусиран на Суперкупот на Европа и дуелот со Астон Вила.

Откако ќе падне конечен договор, Феран Торес ќе се врати во тренинг центарот на Барселона за да си го испразни шкафчето и да се поздрави со соиграчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×