По поразот од Интер, италијанските медиуми се позанимаваа и со статистиката за погодоци на Душан Влаховиќ.
Јувентус за него плати 80 милиони евра и се очекува тој допрва да блеска и да постигнува голови. Сега за сега е солиден, но нема учинок каков што имаше во Фиорентина.
Влаховиќ постигна пет голови во 12 настапи за Јувентус во сите натпреварувања. Тој одигра 994 минути, што значи дека давал гол на секои 199 минути.
За време на првиот дел од сезоната кога играше за Фиорентина, Влаховиќ даде 24 гола на 24 натпревари. Според минутите, по еден гол на секои 102 минути.
Во претходната сезона Влаховиќ даде 40 голови на 41 натпревар за Фиорентина, по еден погодок на секои 147 минути.
Јасно е дека сега е намален неговиот учинок, но во Јувентус веруваат дека најдоброто од Влаховиќ допрва доаѓа. Алегри неодамна изјави дека тој е на нивото на Мбапе и Халанд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.