На Ван де Бек веќе му здодеа да ја грее клупата на Јунајтетд, почнати се преговори со гигант од Серија А

by
0 минути читање

Холандскиот фудбалер од средниот ред никако да добие нормална шанса од Оле Гунар Солшер, неговата минутажа во Манчестер јунајтед е незначителна.

Ваквата негова ситуација станува неподнослива, па агентот веќе има задача да му најде нов клуб.

Информациите од Италија велат дека веќе се почнати преговори со Јувентус. Трансферот би бил на позајмица со обврска за целосен трансфер.

Ван де Бек го преферира Јувентус бидејќи таму е и неговиот пријател со кој заедно играше во Ајакс, Матијс Де Лихт.

Интерес за Ван де Бек има и од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани