190
Фабио Паратичи потпиша договор со Тотнем до 2024 година, тој ќе биде новиот спортски директор на тимот и ќе треба да го назначи новиот тренер.
Информациите велат дека тој преговара со Пауло Фонсека, тренерот кој беше избркан од Рома за на негово место да дојде Мурињо.
Португалскиот стратег нема големи успеси како тренер во некоја голема лига. Најдобар беше како тренер на Шахтар Доњецк со кој трипати ја освојуваше укранската лига.
Тотнем претходно преговараше со Антонио Конте, но Даниел Леви не сакаше да ги исполни високите барања на италијанскиот стратег.
Ако Фонсека стане нов тренер на Тотнем, тешко дека Кејн ќе биде убеден да остане во Северен Лондон, а можно е заминување и на Сон.