На Рио Фердинанд му направија пранк, го направија херој на Велс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На само една
седмица до почетокот на Европското првенство Островјаните си имаат свои
претставници во Англија, Велс и Шкотска, а во пресрет на европскиот турнир му
беше направено пранк на Рио Фердинанд.

Од официјалниот
партнер на Европското првенство „Хајнекен“ посакаа да се прослави ривалството
помеѓу селекциите, а за таа намена ја „регрутираа“ поранешната фудбалска ѕвезда
на Велс, Роби Севиџ, кој му приреди пранк на поранешниот англиски фудбалер Рио
Фердинанд.

Порано ривали на
теренот, а денеска блиски пријатели, како и „спаринг-партнери“ во тв емисиите
како коментатори на актуелните теми поврзани со фудбалот, Фердинанд беше
претставен како херој на Велс, а иако најпрво се изнасмеа на тоа што го виде,
потоа веднаш почна да им објаснува дека тоа е знамето на Велс, за еден од
присутните да додаде дека така пишувало на интернет.

О, човеку,
знамето и јас едноставно не се совпаѓаме, ние не сме исти, јас не сум од Велс,
туку од Англија
“ рече Фердинанд.

Јас сум прилично
сигурен дека на интернет пишуваше дека се работи за Велс
“ му одговори еден од
учесниците во пранкот, по што Фердинанд додаде да не се грижи, но му порача да
ја врати фотографијата, по што влезе Севиџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×