Во 2019 година,
Еден Азар стана најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид откако
„кралевите“ на Челси му платија 100 милиони евра, а беа договорени уште додатни
50 милиони евра во бонуси.
Но Реал Мадрид
виде малку аир од фудбалерот кој мака мачи со повредите и никако да блесне во
белиот дрес.
Новинарот Жозеп
Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека на „кралевите“ им е преку
глава од слабите партии на на Еден Азар, кој требаше да прави разлика на
теренот, па играчот е ставен на продажба.
Останува да се
види кои клубови ќе бидат заинтересирани за Еден Азар и какви понуди ќе бидат
доставени.
Со слична сторија
излезе и Марка, весникот пренесе дека Еден Азар заедно со Иско и Марсело не се
дел од плановите за новата сезона, но додава дека тешко ќе се најде купец
поради нивните високи плати.