На Рафаел Леао му годи и интересот на Реал и коментарите на Малдини

by
1 минути читање

Рафаел Леао има
одлична сезона, па гигантите ширум Европа почнаа да наддаваат за неговите
услуги, оваа недела се појавија гласини дека Реал Мадрид е подготвен да плати
120 милиони евра.

Техничкиот
директор Паоло Малдини денеска порача дека Португалецот е недопирлив и Милан не
размислува за негова продажба.

„Имам уште две
години од договорот, во Милано се чувствувам како дома и ми се допаѓа тоа што
Малдини вели дека сум недопирлив“
– вели Рафаел Леао.

„Среќен сум и
поради интересот на Реал Мадрид, но нема да летам во облаци. Задоволен сум како
напредувам. Како млад заминав од Спортинг и се преселив во Лил. Многумина
можеби не сметаат така, но француското првенство е прилично силно“.

„Потоа направив
важен чекор и трансфер во Милан. Првите две години не одеа според планот, но
сега сум позрел и сезонава одиграв како што сакав. Се надевам дека ме чекаат
големи работи во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани