На повидок враќање на големото ривалство: Лионел Меси има понуда од Саудиска Арабија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси повторно е тема на трансфер шпекулации овојпат од Саудиска Арабија. Според последните информации, претседателот на Ал-Хилал се наоѓа во САД со намера лично да се сретне со Хорхе Меси, таткото и агент на аргентинската ѕвезда, и да отвори преговори за потенцијален трансфер.

Првиот човек на клубот сака да ги испита сите можности за доведување на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но мисијата нема да биде нималку лесна.

Меси има важечки договор со Интер Мајами до декември 2025 година и неколкупати досега јавно истакна дека е среќен во САД. Тоа е лоша вест за Ал-Хилал, кој веќе се обиде да го ангажира пред неговото преселување во МЛС.

Се појавија и шпекулации за можна романтична епизода во Барселона, но засега фокусот на Меси е насочен кон одржување на формата пред Светското првенство следната година, каде што со Аргентина ќе ја брани светската круна освоена во Катар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×