На повидок голем пресврт во Серија Б: Сампдорија може да се спаси!

by Стефан
1 минути читање

Голем пресврт се случи во завршницата на италијанската Серија Б, откако управата на лигата донесе одлука да ѝ одземе четири бодови на екипата на Бреша , потег кој целосно ги менува пресметките во битката за опстанок, објави италијанска „Газета“.

До неодамна изгледаше дека Сампдорија сигурно се сели во Серија Ц, но казната за Бреша ѝ дава нова надеж на екипата од Џенова. Со одземените бодови, Бреша се лизна под Сампдорија на табелата, а сега заедно со Цитадела и Козенца се најде меѓу тимовите кои директно испаѓаат во третата лига.

Дополнителна конфузија настана со плеј-аут натпреварот помеѓу Фрозиноне и Салернитана, кој беше закажан за утре, но е одложен, а најверојатно и целосно ќе биде поништен. Со новиот распоред, Фрозиноне ќе остане во Серија Б, додека Сампдорија ќе добие можност за спас преку бараж дуел против Салернитана.

Случајот со Бреша се поврзува со нерегуларности околу исплатата на плати и придонеси во февруари, при што клубот, наводно, користел даночен кредит кој подоцна се покажал како неважечки. Иако неправилноста била пријавена уште на 28 февруари, даночната управа реагираше дури на 16 мај, по што Фудбалскиот сојуз на Италија експресно ја донесе одлуката.

Бреша има право на жалба, но според италијанските медиуми, шансите таа да резултира со позитивен исход за клубот се минимални.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани