На поранешната докторка на Челси и се врати љубовта кон фудбалот (ФОТО)

by
1 минути читање

Поранешната
докторка на Челси, Ева Карнеиро не крие дека и се вратила љубовта кон фудбалот
по цели шест години од разделбата со Премиерлигашот, откако за место во
големото финале од Европското првенство се изборија Англија и Италија.

Потребни беа само шест
години, но јас конечно уживам во фудбалот повторно, ви благодарам
“ напиша Карнеиро
на социјалните мрежи.

Како за
потсетување, Карнеиро пред шест години по кавгата со Мурињо си замина од Челси, а тоа се случи откако докторката заедно со своите колеги од клупскиот медицински тим влегоа на теренот за да му пружат помош на Еден Азар, потег кој според Мурињо беше неоправдан бидејќи повредата на Белгиецот не беше сериозна, а тој мораше потоа да излезе од теренот, а исходот беше реми со 2-2 против Свонси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×