На Пирло му олесна, голема победа во вистинско време за него

by
1 минути читање

Пирло како неискусен тренер седна на жешкото столче на Јувентус, одлуката на раководството беше храбра, но стартот на сезоната не беше каков што посакуваат навивачите.

Дури се шпекулираше дека Пирло може да добие и отказ и неславно да ја заврши тренерската кариера во Јувентус.

Затоа вчерашната победа на Камп Ноу против Барселона за него има посебна тежина. Оствари голем резултат кој ќе ја зголеми самодовербата во тимот, ќе влијае на позитивна атмосфера и веројатно подобри партии.

„Ова е голема победа, добро бевме подготвени за овој меч, бевме супериорни во средниот ред и тоа ни беше целта“, вели Пирло.

„Но не смееме да заборавиме дека нашата вистинска цел е Серија А, сега мора да се фокусираме на тие натпревари и да ги играме со ваков приод како против Барселона“.

По десет одиграни кола Јувентус е четврти на табелата, нема пораз, но дури пет нерешени средби. Имаат шест бода заостанување зад лидерот Милан. Во следното коло, во недела гостуваат кај Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×