На Пике не му се допадна „театарот“ на Суарез: Ајде дебел, не зае*авај… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Напаѓачот е добро
познат по тоа што не бира средства да избори пенал за својот тим, ова очигледно
не им пречеше на „каталонците“ во минатото, но кога Уругваецот синоќа беше
противник, работите се променија.

Во првото
полувреме, по една нафрлена топка на Караско, Луис Суарез се обиде да одглуми
дека добил удар од Тер Штеген, силно викна, се фати за глава и почна да се превртува на тревата.

Голманот на
Барселона веднаш реагираше, рече „Луис, немој вака“ и се обиде да го стане
напаѓачот.

Се замеша и Жерард
Пике, кој дофрли: „Ајде дебел, не зае*авај, немаше ништо“.

Кога виде дека судијата нема да наседне, Луис Суарез стана и се убедуваше со Тер Штеген дали го удрил или не.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани