Јувентус вечерва
за прв пат загуби оваа сезона во Серија А. Фиорентина пристигна на „Алианц“ во тешка
резултатска криза, осум меча не знаеше за победа, но си замина со голем триумф
од 0-3.
Домаќините тешко се помирија со поразот, имаа
доста замерки кон судијата Ла Пена а потпретседателот Павел Недвед во знак на
револт на сред меч го напушти теренот и беше бесен како рис.
На Чехот му дојде
преку глава откако судијата не досуди пенал по еден старт на голманот Драговски
врз Бернардески. Претходно имаше доста елементи за најстрога казна по еден
старт на Кастровили врз Роналдо, а на почетокот од вториот дел, Борха Валеро се
спаси од втор жолт картон и црвен, па веднаш беше повлечен од игра.
In #JuveFiorentina #nedved che va via perché in disaccordo con l’arbitro. Spettacolo puro. pic.twitter.com/cTxtwUOVQW
— Mario Cuccarese (@MarioCuccarese) December 22, 2020