21-годишниот шпански дефанзивец, Дин Хујсен од наредната сезона ќе игра за Реал Мадрид, а вистинската промоција на големата сцена му ја даде Жозе Мурињо.
Во последната сезона на Мурињо во Рома, Хујсен беше член на Јувентус за кој одигра само десетина минути во сениорскиот состав.
Дефанзивецот веднаш му падна во око на Мурињо кој побара од управата на клубот да му го донесат. Рома во јануари 2024 година го доби Хујсен на позајмица и тој под водство на Португалецот ја доби првата посериозна минутажа во сениорскиот фудбал.
„Дин Хујсен има 10 минути фудбал во Серија А, но тој е еден од најголемите надежи во фудбалот. Ќе биде многу голем фудбалер во иднина“, рече Мурињо откако младиот дефанзивец потпиша за Рома.
Потоа Мурињо доби отказ, а Хујсен настапуваше и за Де Роси до крајот на сезоната по што од страна на Јуве беше продаден на Борнмут.
Одигра една сезона во Премиерлигата и ова лето за речиси 60 милиони евра се сели во Реал Мадрид.
Хујсен има холандско и шпанско државјанство. Настапуваше за младинските селекции на Холандија до 17, 18 и 19 години, но доби повик од Шпанија У21 и реши да го промени националниот тим. Оваа година дебитираше и за сениорите за кои веќе има два настапи.