Поради
пандемијата со коронавирусот љубителите на фудбалот не се во можност да
присуствуваат во живо на фудбалските натпревари, трибините се празни, но тоа
носи можност за оние пред малите екрани да слушнат нешто повеќе од
конверзацијата помеѓу актерите на теренот.
Наполи славеше на
гостувањето кај Сампдорија со 0-2 изминатиов викенд во Серија А, но шефот на
стручниот штаб на гостинскиот табор, темпераментниот Џенаро Гатузо воопшто не се
грижеше дека тоа што ќе го каже во конверзацијата со домашниот напаѓач Фабио
Квајарела ќе го слушне сиот свет.
Веројатно на
ветеранот му дојде преку глава да го слуша постојано Гатузо како се дере од аут
линијата, па го праша дали случајно го коментира натпреварот, односно е во
улога на коментатор, а потоа следеше реакција од Гатузо кој не бираше
зборови.
„Кваја, фокусирај
се на играта, престани да ми ги кршиш ја*цата, што по ѓаволите сакаш?“ му
возврати Гатузо на искусниот напаѓач.