На Конте не му е лесно со Леви

by
1 минути читање

Тотнем има три порази по ред од кои два се на домашен терен против Саутемптон и Вулвс.

Раководството на Тотнем во јануари на Конте му ги донесе Дејан Кулушевски и Родриго Бентакур, а од клубот си заминаа Танги Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Деле Али и Брајан Гил.

Тоа што се случи во јануари не беше засилување за тимот. Четири играчи си заминаа и тоа важни. Дојдоа двајца, па ако ги видиме бројките не само што не се засиливме, туку составот е послаб“, вели Конте.

„Бентакур и Кулушевски се идеални засилувања за Тотнем бидејќи се млади фудбалери кои можат да напредуваат и да се развиваат, не се финиширани продукти. И тоа е приказната тука“.

„Тоа е визијата и филозофијата на клубот. Ако сакате да напредувате побро и побрзо да бидете конкурентни потребни ви се искусни фудбалери бидејќи тие носат искуство во тимот. Но ја разбирам визијата на клубот“.

Сопственикот на Тотнем, Даниел Леви лесно ги менува тренерите но очигледно е дека не е до нив. Тој бара резултати кои се нереални за тимот кој го има.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×