На Клоп не му се допаѓаат новите правила: Како да го вративме фудбалот пред 15 години, ова повеќе личи на борење

by
1 минути читање

Пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, судиите добија нови насоки за интерпретирање на правилата. Ситниот контакт не треба да се суди со цел играта да биде потечна.

По дуелот против Барнли, Јирген Клоп даде свое видување, вели дека фудбалот се враќа во минатото и повеќе личи на борење.

„Против Барнли никогаш не е лесно, секогаш треба да сме подготвени за права бора и денеска бевме. Натпреварот беше навистина тежок“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Ги видовте стартовите на Барнс, на Вуд… Не сум 100% сигуерн дека одиме во права насока со ваквите одлуки. Како да се вративме 10 или 15 години во минатото. Едноставно е преопасно“.

Јирген Клоп смета дека играта треба да биде поотворена и поатрактивна, но не на трошок на здравјето на играчите.

„Треба да се прилагоиме, но пораката „оставете ја играта да тече“ никој не знае што точно значи тоа. Одредени стартови сега нема да се фаул, но мораме да ги заштитиме играчите“.

„Вториот гол на Брентфорд против Арсенал, па тоа мора да биде прекршок. Не може да имате рака на голманот и да кажете тоа е фудбал“.

„Слушам како некој вели, „сакам да гледам вакви стартови“… па ако сакате да гледате вакви работи, одете гледајте борење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×