На Кејн не му треба ЛШ за да остане во Тотнем, тврди Мејсон

by
1 минути читање

Предводникот на
Тотнем, Рајан Мејсон мошне добро го познава Хари Кејн, па иако медиумите на
Островот веќе извесен период навестуваат дека првата ѕвезда на „Спарси“ на
крајот од актуелната сезона би можел да си замине, тој тврди нешто сосема
друго.

Мејсон тврди дека
првата ѕвезда на Тотнем е фокусирана на дуелот на домашен терен против Шефилд
Јунајтед во недела, меч од големо значење за клубот од Лондон во битката за излез
во Европа за идната сезона, а шпекулациите не допираат до него.

Не сум
разговарал со Кејн за ништо што не е поврзано со тренинзите или пак
натпреварите, тој е еден од најголемите професионалци кои сум ги сретнал во
мојот живот
“ рече Мејсон, а потоа беше запрашан и дали на клубот му е потребен
пласман во Лигата на шампионите за идната сезона за да го задржи напаѓачот во
своите редови.

Сметам дека тоа
не е точно, Кејн го сака овој клуб и тоа го докажа низ годините наназад,
станува збор за седум, осум години, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот

додаде Мејсон.

Сите го знаат
многу добро тој факт, и ние како клуб сме свесни за тоа, а верувам и дека
самиот Кејн го знае тоа, но најважното во моментов е тоа што ни претстои
викендов, не смееме да го потцениме противникот
“ заклучи Мејсон во пресрет на
дуелот со последнопласираниот тим во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×