595
Искусната бразилска ѕвезда, Касемиро, распука по новинарите откако повторно доби прашања поврзани со Нејмар.
На Касемиро му здодеа да ги слуша новинарите како цело време прашуваат за Нејмар, а не за суштински работи околу селекцијата.
„Уште еднаш, ние дојдовме тука и се што треба да зборуваме е Нејмар, Нејмар, Нејмар…“, распали Касемиро.
„Мислам дека Нејмар е играч како и сите други тука во составот, важен фудбалер меѓу другите 26“.