На Јувентус тешко му оди без Роналдо, кикс и против Беневенто (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Претходно Јувентус без Роналдо не успеа да ги победи Кротоне и Верона, а денеска киксна против Беневенто. 

Натпреварот почна добро за Јувентус, во 21. минута со гол на Мората поведоа со 1-0.

Тој резултат беше активен се до судиското продолжение од првиот дел кога Летиција го изедначи резултатот на 1-1.

Јувентус имаше уште цело полувреме да го врати водството и да ги освои трите бода, но не успеа. По крајот на мечот Мората заработи црвен картон поради неспортско однесување, приговор кон судијата па ќе го пропушти градското дерби против Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×