99
Се чини дека Интер ќе се откаже од трката по Пауло Дибала, на Инзаги не му е потребен, па раководството веројатно нема да троши пари за да го донесе.
На прашање за Дибала, тој одговори дека е многу задоволен од нападот кој го има и не му требаат засилувања на тие позиции.
„Многу сум задоволен од нападот кој го имаме. Ние во минатата сезона бевме најефикасниот тим во Серија А, а сега го купивме и Лукаку, па да почекаме и да видиме што ќе се случи на трансфер пазарот за другите позиции во тимот“, вели Инзаги.
„Во постојан контакт сум со директорите, мора да најдеме замена за Андреа Ранокија и да ја комплетираме дефанзивата“.
Цел број еден на Интер во моментов е дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.