На Хендерсон му здодеа да биде замена за Де Хеа, сака да си оди, му се отвора убава опција

by
1 минути читање

„Дејл Мејл“ пишува дека Хендерсон сака да си оди од Манчестер јунајтед, му здодеа да чека шанса од клупата која никако да ја добие.

Манчестер јунајтед беше елиминиран во Карабо Купот, па сега ги нема ниту тие натпревари на кои Хендерсон бранеше.

Минатата година потпиша голем договор со Манчестер јунајтед според кој заработува 120.000 фунти неделно, но тој стравува дека со седење на клупата неговата кариера е во опасност.

Тој би заминал а како опција му се отвора Њукасл кој ќе почне да создава тим конкурентен за најголеми успеси.

Сепак Манчестер јунајтед нема да го пушти Хендерсон да замине во јануари, па англискиот голман ќе треба да почека до јуни за нов ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×