Кога Жозе Мурињо го презема Тотнем, Деле Али беше во нарушени односи со Маурисио Покетино и изоставен од тимот.
Португалецот тогаш разговараше со Деле Али и вети дека ќе му даде шанса под негово водство. Така и беше, но љубовта траеше кратко.
Мурињо го обвини Деле Али дека не се залага доволно, дека е мрзлив, па Англичанецот повторно го згуби местото.
Сега истото се случува и кај Нуно Еспирито Санто. Деле Али доби шанса, беше стартер на натпреварите од почетокот на сезоната, но го загуби местото и се скара со тренерот.
Деле Али не играше против Вест Хем, а информациите од Англија велат дека нема да игра ниту против Барнли поради нарушен однос со тренерот.
Иста е ситуацијата и со Хари Винкс и тој како и Деле Али имаше проблеми и со Мурињо, а и сега со Нуно Еспирито Санто.
За разлика од Деле Али кој беше стартер на првите шест меча од Премиерлигата за Тотнем, Хари Винкс само еднаш се најде меѓу првите 11.