355
Барселона со
победа на ре-стартот од Ла Лига, избраниците на Сетиен лесно славеа на
гостувањето кај Мајорка.
На „каталонците“
им беа потребни само 65 секунди да ја начнат мрежата на домаќините, Алба
асистираше а Видал донесе 0-1. Февруарското засилување Брејтвајт го постигна
првиот гол во дресот на Барса и зголеми на 0-2 во 37. минута.
На стартот од
вториот дел, Мајорка имаше неколку добри шанси да го направи интересен мечот,
но откако не реализираа, Алба зголеми на 0-3 а Лео Меси во финишот ги постави
конечните 0-4.
Со оваа победа,
Барселона сега има +5 на врвот на табелата во однос на Реал Мадрид, „кралевите“
утре го играат својот меч.