212
Бреша сака да го избрка од клубот бидејќи не се појави неколку пати на тренинг, но тој го негира тоа. На својот инстаграм профил преку стори тој се јави и им порача на сите кои прашуваат дали тренира, да отидат и да видат.
„Доста ме прашувате дали одам на тренинг или не. Одам на тренинг, отсекогаш сум бил тука, доста со тие прашања ве молам. Доколку сакате потврда на тоа, дојдете и видете сами. Имам двојни тренинзи до недела, наутро и попладне. Дојдете тука и ќе ме видите“, изјави Балотели.
