486
Во Третата македонска лига на својот 16. роденден заигра Фисник Алиу во дресот на Фортуна од Сингелиќ и стана најмладиот дебитант во македонскиот фудбал.
Тој на 8 март го прослави неговиот 16. роденден, а тој не можеше да поимине подобро за него, настапи за сениорскиот тим на Фортуна кој играше против Беса од Слупчане во меч од Третата лига Север.
Ова е подобрување на рекордот за само еден ден бидејќи претходниот го држеше Дашмир Елези од Шкендија кој настапи во ПМФЛ со 16 години и еден ден.
Инаку Алиу е фудбалер кој настапува во дефанзивата.