Муслиу: Со перформансот во вториот дел можеби заслуживме и повеќе!

by 24 фудбал
1 минути читање

Висар Муслиу одигра солиден натпревар против Белгија беше стабилен во одбраната, сигурен во дуелите и со висока оценка за настапот на арената „Тодор Проески“. По ремито (1-1), македонскиот стопер не штедеше пофалби за соиграчите, но остана воздржан кога станува збор за судиските одлуки.

Ние знаевме со каков квалитет ќе се соочиме и со каков ривал играме, знаеме колку ѕвезди има Белгија и каде ѝ играаат играчите. Но, ние мислам дека добро го изработивме дефанзивниот дел и тоа целиот тим. Одлични бевме сите, исто и голманот Димитриевски изреагира неколку пати. Резултатот е реален, а од она кое го покажавме во вториот дел можеби заслуживме и повеќе. За судиите не можам да коментирам, не сум ги видел ситуациите, но се работи за судии кои судат во Премиер лигата. Дури и да се погреши, се случува, но ние одиме понатаму и мислите ни се кон Казахстан“, изјави Муслиу.

Македонската експедиција денес попладне заминува за Астана, а в недела ќе го одработи официјалниот тренинг пред четвртиот натпревар од мундијалскиот циклус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани