Мусиала се огласи и објасни зошто колабираше два пати во три дена

by bojan
2 минути читање
Џамал Мусиала повторно колабираше на теренот, втор пат во три дена

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала се огласи на социјалните мрежи и објасни дека има невролошка дисфункција која му предизвикува краткотрајно губење на свест, добра вест е што состојбата може да се третира.

Џамал Мусиала повторно ги исплаши сите, на вчерашниот пријателски натпревар против Хајденхајм, колабираше на теренот само неколку минути откако влезе во игра.

Ѕвездата на Баерн Минхен имаше сличен инцидент и во саботата на контролниот натпревар против РБ Лапјциг.

Многумина се загрижени за здравјето на Германецот, па тој се огласи на социјалните мрежи и откри дека има невролошка дисфункција која му предизвикува краткотрајно губење на свест.

„Најпрво сакам да ве известам дека сум добро и сакам да ви се заблагодарам на сите за пораките и огромната поддршка!“ – напиша Џамал Мусиала на Инстаграм.

„Знам дека многумина од вас се загрижени, па сакам денес да ве уверам и да ви објаснам што се случува“.

„Ми беше дијагностицирана краткотрајна и привремена, но состојба која може да се третира, на губење на свест поради невролошка дисфункција. Тоа може да предизвика ситуации како оние што неодамна ги видовме на натпреварите против РБ Лајпциг и Хајденхајм“.

„Знам дека овие ситуации можат да изгледаат страшно, но во моментов тие се дел од моето секојдневие. Добивам одлична медицинска грижа сум и останувам оптимист. Баерн Минхен, како и луѓето кои се дел од мојот тим за поддршка, се целосно покрај мене и ми помагаат во овој период. Најважно од се, нема дополнителен ризик по моето здравје“.

Тој потоа додаде: „Во договор со лекарите и во консултација со специјалистите, решив лично да се соочам со овој предизвик. Со одобрение од невролозите, сакам да продолжам со она што најмногу ми помага во опоравувањето, односно да живеам нормално и да продолжам да го правам она што најмногу го сакам, а тоа е да играм фудбал“.

Очигледно Џамал Мусиала поминува низ тежок период. Откако сериозната повредата (фрактура на фабулата) го оддалечи од фудбалските терени со месеци, Германецот сега со соочува со нова пречка во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×