Навивачите на Бенфика го пречекаа Џанлука Престијани како вистински херој при неговото враќање на терените, по суспензијата.
Имено, во февруари тој беше обвинет дека упатил расистички навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите каде што доби суспензија од шест натпревари (три условни).
Престијани се врати на терените во португалското првенство, каде Бенфика славеше убедлива победа од 4-1 против Мореиренсе, а публиката го поздрави со овации.
За случајот се произнесе и тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, кој изјави дека ја разбира реакцијата на навивачите и дека и самиот би реагирал исто.
„Да бев на трибините, и јас ќе му аплаудирав на Престијани“, порача „Специјалниот“.