Мурињо за случајот „Негреира“: Кога бев тука, чувствував дека нешто не е во ред

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот стратег Жозе Мурињо вчера и официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид. По потписот на договорот кој ќе важи до 2029 година, тој во интервју за „Ел Чирингито“ зборуваше на повеќе актуелни теми, а се осврна и на контроверзниот случај „Негреира“.

Станува збор за случајот поврзан со исплатата од околу 8,4 милиони евра што Барселона во периодот од 2001 до 2018 година му ги исплатила на поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии, Хозе Марија Енрикез Негреира. Случајот во моментов е предмет на судска истрага.

Негреира претходно изјави дека Барселона му давала пари, но според неговото објаснување, целта била тој „да суди неутрално“.

Мурињо доби прашање за случајот, по што даде интересен одговор.

„Кога бев тука во мојот прв мандат, чувствував дека нешто не е во ред“, изјави Мурињо.

Португалецот првпат седна на клупата на Реал Мадрид во 2010 година и на „Сантијаго Бернабеу“ остана до 2013 година. Тој период се совпаѓа со годините опфатени во истрагата за случајот „Негреира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×