Новинарот Мигел Делејни говори за сензационален трансфер, наводно Жозе Мурињо сака да го донесе Маркус Рашфорд во Реал Мадрид и да внесе немир во Барселона.
И покрај тоа што Жозе Мурињо порача дека нема добиено конкретна понуда од Реал Мадрид, речиси сите го гледаат „специјалниот“ на кормилото на „кралевите“.
Новинарот Мигел Делејни сега вели дека една од првите одлуки на Португалецот може да донесе скандал и Маркус Рашфорд да го замени „Камп Ноу“ со „Бернабеу“.
Англичанецот се прикажа во одлично светло во дресот на Барселона, но на Лапорта и Деко им се гледаат многу 30-те милиони кои треба да се платат за перманентен трансфер и се обидуваат да најдат нов договор со Манчестер јунајтед.
Па Жозе Мурињо сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Англичанецот како едно од првите засилувања во Реал Мадрид
Тони Делејни вели дека „специјалниот“ има две причини за еден ваков трансфер: како прво, ќе добие квалитетен фудбалер кој добро го познава, и како второ, ќе внесе немир и главоболка во таборот на Барселона.