76
Реал Мадрид подготвува тренерска смена на крајот од сезоната, откако Алваро Арбелоа не ги оправда очекувањата на раководството.
Главен кандидат за наследник е Жозе Мурињо, за кого се шпекулира дека повторно би можел да седне на клупата на „кралскиот клуб“. Португалецот има клаузула според која може да ја напушти Бенфика во рок од 10 дена по крајот на сезоната.
Тоа значи дека Реал ќе мора брзо да реагира доколку сака да го ангажира. Аргумент на страната на Мурињо е фактот што веќе беше тренер на клубот во периодот од 2010 до 2013 година.