Мурињо: Секогаш сум бил мадридиста, дури и откако си заминав – сега се вратив дома!

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо и официјално го започна вториот мандат на клупата на Реал Мадрид. Португалецот денеска беше претставен како нов тренер на „кралскиот клуб“, 13 години по заминувањето од Мадрид.

На своето враќање Мурињо испрати јасна порака, повторно се чувствува како дома и има голема амбиција да го врати Реал на врвот.

„Јас сум мадридиста, како што отсекогаш сум бил, дури и откако си заминав“, порача Португалецот.

Мурињо нагласи дека неговата улога во клубот ја доживува како нешто многу поголемо од обична тренерска работа.

„Тука сум да работам за Реал Мадрид и сакам секој што ќе влезе во Валдебебас да го чувствува тоа. Работиме за Реал Мадрид“, истакна тој.

Португалецот не криеше дека враќањето во Мадрид за него има посебно значење.

„Се враќам дома. Овој клуб е најдобрата можна дестинација во фудбалот бидејќи апсолутно го сакам чувството да бидам повторно тука.“

Мурињо откри и што ќе биде неговата главна мисија во вториот мандат, да создаде работна атмосфера во која одговорноста, амбицијата и желбата за напредок ќе бидат на прво место.

„Ова е како мисија. Тука сум за да им помогнам на сите да станат подобри и да создадеме култура на работа, одговорност и амбиција. Сакам да им ја всадам одговорноста и честа што ја носи работењето за Реал“, порача „Специјалниот“.

Мурињо потпиша договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2029 година.

Во првиот мандат на „Сантијаго Бернабеу“, од 2010 до 2013 година, тој освои титула во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Сега пред него е нов предизвик, да го врати Реал на патеката на трофеите и повторно да го направи еден од најдоминантните тимови во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×