181
Реал Мадрид ја разгледува можноста за враќање на Жозе Мурињо на Сантијаго Бернабеу, Флорентино Перез сака токму Португалецот да го води новиот проект.
Реал Мадрид завршува втора сезона по ред без освоен трофеј. По заминувањето на Карло Анчелоти, Перез се обиде со млади тренери како Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа, но ниту еден од нив не одговори на задачата.
Перез смета дека му треба искусен тренер со моќен карактер кој може да владее во соблекувалната и во Жозе Мурињо го гледа идеалниот кандидат.
Односот меѓу Перез и Мурињо е одличен и претседателот на Реал Мадрид планира во наредниот период да одржи состанок со португалскиот стратег кој во моментов е тренер на Бенфика.