Мурињо конечно проговори за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Постојани се шпекулациите кои го поврзуваат Жозе Мурињо со Реал Мадрид, но Португалецот тврди дека немал контакт со никој од шпанскиот клуб.

Се пишува и дека веќе е одлучено, Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез ги прифатил условите на Португалецот, а се ќе биде објавено по крајот на сезоната.

Но, изјавата на Мурињо е поинаква од она што се пишува.

„Сум немал контакт ниту со претседателот ниту со било кои важни луѓе од Реал Мадрид, и нема да имам се до последниот меч од лигата. Потоа ќе имам недела во која ќе имам слобода да разговарам со кого сакам“, рече Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×