Мурињо има голема поддршка од навивачите на Фенербахче! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Пред и за време на натпреварот против Анталијаспор, навивачите на Фенербахче со големи банери му дадоа поддршка на Жозе Мурињо.

Португалецот беше мета на обвинувања за расизам од страна на Галатасарај, па поддршка за него стигнуваше од сите страни.

Се јавија многу сегашни и поранешни играчи кои застанаа на страната на Мурињо, дури и фудбалери кои оставиле голем траг во Галатасарај како Дрогба, Снајдер, Ебуе…

Клубот Фенербахче веднаш застана зад својот тренер, а на вчерашниот меч поддршка дадоа и фановите на турскиот клуб.

Пред натпреварот и за време на мечот се појавија големи банери за Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани