Според дел од шпанските медиуми, Жозе Мурињо му поставил услов на Флорентино Перез за да ја прифати тренерската позиција.
Жозе Мурињо им рекол на луѓето во Реал Мадрид дека ако сакаат тој да се врати, тие мора да му дадат одврзани раце, да има тотална моќ врз тимот, да прави што тој мисли дека е најдобро за да дојде до резултати.
Сака да може да седне на клупата било кој играч и да игра било кој играч, без интервенција од раководството, не сака никој да му каже „овој не можеш да го седнеш на клупа, тој е недопирлив“.
Само ако му биде ветена комплетна контрола врз фудбалерите, само во тој случај би прифатил.
Алонсо и Арбелоа изгореа поради фудбалерите кои се чувствуваат семоќни поради поддршката која ја имаат од раководството. Мурињо знае што е проблемот во Реал Мадрид и не сака да му се случи истото.