Мурињо донел одлука за иднината на Ендрик!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Жозе Мурињо донел одлука за иднината на младиот Ендрик, напаѓачот останува на „Бернабеу“ и нема да направи трансфер овој месец.

Вториот дел од минатата сезона, Ендрик го помина на позајмица во Лион, а слично сценарио се најавуваше и сега.

Рома и Астон Вила пројавија сериозен интерес за Бразилецот, но како што пренесува АС, дошло до пресврт кога е во прашање иднината на напаѓачот.

Жозе Мурињо бил импресиониран од она што Ендрик го покажал на подготовките па лично ставил вето на негово заминување.

„Специјалниот“ планира да му даде улога на Бразилецот и како класичен напаѓач и на десната крилна позиција, каде неговата брзина и играта еден на еден можат да бидат особено корисник.

Весникот додава дека Ендрик е подготвен да го прифати предизвикот и да се бори за место во клубот од своите соништа, па се согласил да остане најмалку до крајот на годината. Во јануари ќе се направи нова проценка на ситуацијата, па доколку неговиот развој во Мадрид биде запрен поради мала минутажа, ќе се бара решение.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×