Мурињо за победата на Лацио: И со ВАР некои екипи уште даваат голови од офсајд!

by
1 минути читање

Рома синоќа одигра само 0-0 против Болоња. Навивачите на волчицата се гневни бидејќи не беше досуден чист пенал за нив поради играње со рака.

За разлика од Рома, тие сметаат дека Лацио доби подарок победа против Специја. Лацијалите победија со 4-3 со гол во самиот финиш од натпреварот. Но тој беше контроверзен гол, според Мурињо, офсајд.

„22 години сум тренер и ништо не е променето. Тогаш можеше да се победи со гол од офсајд, а може и денеска. Синоќа тим победи со гол од офсјад и покрај тоа што има ВАР“, вели Мурињо алудирајќи на Лацио.

Голот го даде Ачерби, неговата позиција беше сомнителна. Голманот на Специја беше пред фудбалерот на Лацио, па во таков случај офсајд се мери од последниот играч.

Големите спортски медиуми ДАЗН и Скај Спорт Италија се обидоа да ја анализираат ситуацијата, но никој ја немаше верзијата од ВАР со повлекување на линии, па тешко е од снимката да се оцени дали е офсајд или не.

Но, фактот што одлуката дека е гол беше веднаш донесена и не беше почекан детален преглед од ВАР, сугерира дека судиите не ни забележале дека голманот на Специја е пред Ачерби.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×